ВИДЕО: Фросиноне промаши пенал, Сусо и Пјонтек го носат Милан поблиску до ЛШ! 

Фудбалерите на Милан во својот последен натпревар пред својата публика оваа сезона во Серија А ја извојуваа најзначајната победа, затоа што со истата ги задржаа шансите за четвртата позиција на табелата, која идната сезона води во Лигата на шампионите. 

Во пресрет на затворањето на завесата на италијанскиот шампионат, Милан има 65 бода, исто колку и Аталанта (која вечерва има натпревар во Торино против Јувентус), но со подобар меѓусебен скор, додека шанса од сенка за Лигата на шампионите ќе чека и Рома, која има 63 бода. 

Што се однесува до вечерашниот меч со Фросиноне, избраниците на Џенаро Гатузо потешко од очекуваното стигнаа до посакуваните три бода, но имаа и многу среќа, бидејќи гостите при резултат од 0-0 не успеаја да реализираат удар од белата точка.

Токму по промашениот пенал на Чиано, домашните фудбалери се разиграа и за краток период двапати ја затресија противничката мрежа. Резултатот го отвори одличниот Пјонтек во 57. минута, додека за конечни 2-0 се погрижи Сусо, откако постигна прекрасен гол од слободен удар.

  • Извештај од натпреварот: 

Во последното коло Милан гостува кај СПАЛ, а Рома ќе се сретне со Парма.