„Фриули“ домаќин на УЕФА Суперкупот во 2025 година

Европската фудбалска федерација - УЕФА потврди дека следниот Суперкуп ќе се одржи во Италија. 

Домаќинство доби реновираниот „Фриули“ во Удине, кој ќе ги дочека освојувачот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа следното лето. УЕФА Суперкупот минатата година се одржа на „Националниот стадион“ во полската престолнина Варшава.

Сега „Фриули“ ја доби битката со конкуренцијата и УЕФА го потврди овој симпатичен стадион за домаќин. 

Мечот за трофејот во Суперкупот на УЕФА ќе се одржи на 13 август 2025 година.