ВИДЕО: Фриц го одлучи дербито, Баер ја прекина кризата против Борусија Дортмунд

Леверкузен

Големото дерби на 17. коло од Бундеслигата го доби Баер Леверкузен кој ја прескокна Борусија Дортмунд (2-1) и стигна до втората позиција на табелата. „Фармацевтите“ постигнаа погодок во завршнциата со кој обезбедија големи три бода во директниот судир со ривалот за висок пласман.

Домашниот тим започна подобро, па очекувано стрелаше за водство во 14. минута. Реализација запиша Диаби кој успеа да го измами Бурки. Истиот фудбалер се најде во одлична позиција да го матира гостинскиот голман неколку минути подоцна, но го загуби тој дуел. Долго време се чекаше на одговор од „милионерите“. По нешто повеќе од еден час игра Брандт пласираше прекрасно и на убав начин донесе израмнување.

  • Баер Левекузен - Борусија Дортмунд 2-1:

Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат и дека ќе имаме поделба на бодовите. Меѓутоа Фриц ја израдува домашната екипа на десет минути до крајот и ја прекина лошата серија во германското првенство.

  • Херта - Хофенхајм 0-3: 

Хофенхајм побегна од опасната зона со гостинското славје кај Херта (0-3). Пјонтек промаши пенал за тимот од Берлин, а казната на спротивната страна ја сервираа Руди и Крамариќ.

  • Мајнц 05 - Волфзбург 0-2: 

Екипата на Волфсбург рутински го среди Мајнц 05 (0-2) и го искористи киксот на Борусија во Леверкузен.