Френки Де Јонг до судијата: Еј, почекај малку, немој да свириш крај... (ВИДЕО)

Холандскиот фудбалер Френк Де Јонг си заминува од Ајакс и кариерата ќе ја продолжи во Барселона, а последниот меч во дресот на „копјаниците“ му беше навистина емотивен.

22-годишникот на дуелот меѓу Ајакс и Де Графшап кој заврши со победа од 4-1, ја крена титулата во Ередивизие за првпат во последните пет години. Пред крајот на натпреварот, тој имаше комична дискусија со судијата и го молеше да не свири за крај.

  • Дискусијата на Де Јонг и судијата:

Младата сензација на Ајакс се сели на „Камп Ноу“ за 65 милиони фунти, а официјален член на Барселона ќе е од 1 јули 2019 година. Де Јонг така ќе заигра за клубот за кој навива од детството, а актуелниот договор му е до сезоната 2023/24.