„Франс фудбал“ одлучи: Мануел Нојер е најдобар голман на светот!

Мануел Нојер

Чуварот на мрежата на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Нојер беше избран за најдобар голман на светот според „Франс фудбал“.

31-годишникот зад себе ги остави Џанлуиџи Буфон од Јувентус и Тибо Куртоа од Челзи. Одлуката ја донесоа пет поранешни голмани: Сантијаго Кањизарес, Лионел Летици, Сеп Мајер, Марк Шварцер и Франческо Толдо.

Уго Љорис од Тотенхем и Јан Облак од Атлетико Мадрид завршија на четвртата позиција со ист број на гласови. Зад нив место најдоа Кејлор Навас од Реал Мадрид, Давид де Хеа од Манчестер Јунајтед и Марк-Андре Тер Штеген од Барселона.