• Иван Димовски

Екипата на Лил продолжи со лошите партии во француската Лига 1, откако загуби на гостувањето кај Ленс со 1-0 (0-0) во рамките шестото коло. Шампионот на Франција прикажа нова бледа партија на гостувањето на „Стејд Болаерд-Делелис“ и заслужено загуби.
- Извештај од натпреварот:
Во првото полувреме, Ленс беше подобар ривал на теренот. Најзрелата шанса за гол ја имаше Сотока за Ленс, но голманот Грбиќ одбрани. Лил остана без шанси, а најинтересните сцени се случија на трибините. На полувремето навивачите на Ленс тргнаа да се пресметаат со гостинските фанови, излетаа на теренот и се упатија кон нивната трибина, ама беа спречени да стигнат до неа.
<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Во Лига 1 пак хаос – фановите на Ленс тргнаа да се пресметаат со ривалите!
Лил на стартот на продолжението испушти неколку шанси, откако Јилмаз, Иконе и Лека не го пронајдоа патот до мрежта. Со погодокот на Прземислав Франковски, Ленс успеа да поведе во 74. минута од натпреварот (1-0). Лил немаше сили да се врати, а Саид погоди и втор пат за Ленс, но голот беше поништен поради офсајд.
По шест кола, Ленс има три победи и три ремија, додека Лил остана на еден триумф, две нерешени средби и три порази.