Французите први го одредија датумот: Новата сезона на Лига 1 стартува во август? 

Француската Лига 1 е единствена од таканаречената „голема петка“, која предвреме ја заврши оваа сезона и на маса му ја додели шампионската титула на ПСЖ.

Во периодот кога останатите лиги ширум Европа, кројат планови како да ја доиграат сезоната, челните лица на францускиот фудбал своите мисли ги насочија кон следните предизвици. 

Како што пренесуваат тамошните медиуми ЛФП (Ligue de Football Professionnel) веќе донесе одлука за датумот на почеток на новата сезона во Лига 1, а наводно тоа е 23 август. 

Засега нема официјална потврда на оваа информација, затоа што се чека на став од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).