Французите гласаа против проширување, Амиен и Тулуз сепак ќе играат во Лига 2

Француската Лига 1 беше единствена од „големата петка“ која означи предвремен крај и го прогласи ПСЖ за шампион. 

Освен тоа, беше најавено дека ќе нема исфрлање од лигата и имаше можност од проширување на истата, но на последниот состанок дојде до пресврт. На гласање била ставена одлуката околу тоа дали во следната сезона да има 20 или 22 клубови во Лига 1, а дури 23 претставници се изјаснителе за помал број прволигаши. 

Тоа значи, дека Амиен и Тулуз сепак ќе претрпат релегација, додека Лориент и Ленс ќе бидат промовирани во прволигаши. Оваа одлука е изгласана и се чека само официјализација од челниците на Лига 1. 

Новата сезона во француската елитна категорија ќе започне на почетокот од месец август, а Лион и ПСЖ кои имаат обврски и во Лигата на шампионите, ќе ги започнат подготовките веќе на почетокот на следниот месец.