ВИДЕО: Французинот Едуар го потопи Хартс, нова тројна круна за Селтик

Шкотскиот гигант Селтик е освојувач на Купот на својата земја, откако во финалето на „Хемпдон парк“ попладнево го совлада Хартс со 2-1 (0-1). Ова е 39-ти трофеј од шкотскиот ФА Куп за Селтик и уште една тројна круна, шеста во историјата, а трета по ред. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првиот дел мина во иницијатива на „зелено-белите“, но без изразити шанси. Џонстон и Форест ги креираа најзрелите шанси, но голманот Зламал ја сочува својата мрежа.

На големо изненадување на почетокот од вториот дел поведоа фудбалерите од Единбург. Се играше 53. минута кога по една мешаница пред голот на Селтик, Рајан Едвардс беше најрешителен и ја протна топката крај немоќниот Бејн (1-0).

Брзо реагираа шампионите на Шкотска и девет минути подоцна Французинот Едуар Одсон од пенал кој самиот го изнуди израмни на 1-1. Селтик навали со сите сили, Синклер и Нчам влегоа од клупата, но Хартс успешно се бранеше до 82. минута.

Сепак, концентрацијата попушти во 82. минута, кога Лустиг со глава додаде до Одсон Едуар, а овој пласираше покрај голманот Бејн (1-2). Така тренерот Нил Ленон ја освои втората титула по доаѓањето на клупата на местото на Брендан Роџерс.