Французинот Дианеси прво големо засилување за Брера!

По продажбата на Димитар Трајков во Украина и ослободувањето на уште неколку фудбалери по истекот на договорот, струмичка Брера почнува да ги прави првите потези на пазарот и на прагот е на првото засилување ова лето.

Нов член на Брера летово треба да стане Џибрил Дианеси, дознава Gol.mk. Се работи за француски фудбалер со потекло од Мали. 28-годишниот Дианеси игра на крилната позиција, а во Струмица доаѓа од Ла Лувие во Белгија.

Искусниот Дианеси во кариерата го носел дресот на Тулуз, холандските клубови Мастрихт и Фортуна Ситард и Калју од Естонија. Минатата сезона во Белгија, Дианеси настапи на тринаесет натпревари и постигна три гола.

Новата сезона во Првата фудбалска лига (ПМФЛ) почнува на почетокот од август.