• Горан Упале
Фудбалерите на Аугсбург ремизираа со Унион Берлин (1-1) во последниот натпревар од 17. коло на Бундеслигата. Натпреварот го одбележа голот на Алексис Клод-Морис во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Домаќините долго време се обидуваа да го отворат резултатот, а тоа му успеа на Французинот кој, можеби од страв дека судијата ќе свири крај, шутираше од далечина и го постигна еден од најубавите голови во досега во сезоната во Бундеслигата.
Но, Унион Берлин се избори за бод во второто полувреме. „Виновникот“ за тоа беше хрватскиот напаѓач Марин Љубичиќ, кој како резервист вторпат во низа му носи бод на својот тим. Треба да се напомене дека гостите од Берлин израмнувачкиот погодок го постигнаа со играч помалку, откако црвен картон заработи Кохн.










