Француските репрезентативци добија орден „Легија на честа“ од претседателот Макрон

Светските прваци, репрезентативците на Франција, се соочуваат со најголемото можно признание во својата татковина. Претседателот на Франција, Емануел Макрон им ја додели титулата „Легија на честа“ - највисокото одликување на Француската република.

Момците на Дидие Дешамп ја совладаа Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија со 4-2. Сите освојувачи на „богинктата“ во Москва присуствуваа на церемонијата по која фудбалерите ги примија своите ордени. 

Франција за неколку дена ги игра квалификационите натпревари за Европското првенство во 2020 година, в сабота против Турција и следниот вторник со Андора.

„Галските петли“ кои во 1998 година станаа светски прваци исто така беа одликувани од Француската република.