• Мартин Танасковски
Лион низ годините важеше за француски гигант, пред ерата на ПСЖ беше и шампион на Франција, но оваа сезона е во незапаметена криза. На стартот по шест кола „лавовите“ немаат победа, а последен кој им зеде мерка е Брест (0-1).
Ниту тренерската смена не помогна Лион да ја крене главата од бездната во која е паднат. Со само два освоени бода, тимот е во опасната зона и го чека битка за опстанок.
Брест до важните три бода пред својата публика дојде до финишот, кога се играше 87. минута, а во листата на стрелците се запиша Стив Муни. Во следната рунда Лион гостува кај Ремс, додека новиот лидер Брест гостуав кај Ница.
- Монако - Ница 0-1:
Во кризен период влезе и Монако, кој синоќа го загуби соседното дерби со Ница со 0-1. Единствениот гол го постигна Бога во 90. минута.