ВИДЕО: Француски судија ги подари картоните и на оригинален начин замина во пензија

Рунсар

Натпреварот меѓу Мец и Брест заврши во полза на домаќинот со минимален резултат.

Главниот судија Јохан Рунсар го украде шоуто на неколку секунди до крајот на мечот. Тој ги повика капитените на двата тима, им ги подари картоните и потоа означи крај.

Причината за овој потег на францускиот судија е неговото заминување во пензија на 45-годишна возраст. Овој дуел за него беше последен во професионалната кариера.

Потоа со спрејот на тревникот напиша: „Благодарам“.

Рунсар помина 25 години како дел од првата и втората француска лига и беше главен судија на над 600 натпревари.