Француската легенда го напушти Стразбур за да стане селектор на САД?

Патрик Виеира повеќе не е тренер на екипата на Стразбур. Поранешниот тренер на Кристал Палас, Ница и Њујорк Сити заминува од клубот по едногодишен престој, по кој треба да добие уште поголем предизвик во кариерата. 

Француските медиуми на големо пишуваат дека тој Виеира ќе биде нов селектор на Соединетите Американски Држави, но за тоа сѐ уште нема официјална потврда. Во игра се и неколку познати клубови од Европа, но веројатно селекторското место во моментов изгледа многу привлечно. 

Селекцијата на Соединетите Американски Држави ќе биде ко-домаќин на следното Светско првенство во 2026 година, па затоа американците се во потрага по квалитетно и искусно име за следните години. Доколку потпише договор, за Виеира ова ќе биде прв ангажман како тренер на интернационално ниво.