Француската гордост тоне ли тоне: Марсеј ги фати „лавовите“ (ВИДЕО)

Екипата на Лион важеше за француска гордост и неколкукратен шампион на земјата, меѓутоа оваа сезона изгледа дека ќе заврши прволигашкиот статус на „лавовите“. Тимот продолжи со кризата и убедливо го загуби натпреварот против Олимпик Марсеј (0-3), кој беше одложен по инцидент пред некоја седмица.

  • Извештај од натпреварот:

Овој дуел требаше да се игра за време на викендот, меѓутоа тренерот Фабио Гросо беше погоден во главата додека автобусот на Лион беше каменуван од страна на домашните навивачи. Гросо на овој дуел не беше на клупата, затоа што доби отказ, но и смената не донесе ништо ново.

Олимпик Марсеј беше убедлив против ривалот. Уште во 21. минута, Витиња по асистенција на Обамејанг, донесе предност за домашниот тим, а потоа во 25. минута Муриљо, пак по асистенција на Габонецот зголеми на 2-0. Конечниот епилог го постави Обамејанг во вториот дел, додека се играше 55. минута. Олимпик Марсеј даде и четврти гол, ама беше поништен со ВАР.-системот

Олимпик Марсеј е осми на табелата во Лига 1, додека Лион е закован на дното со само седум освоени бода.

Состави

Roberto De Zerbi

3-5-2

    Pierre Sage

    4-2-3-1