• Иван Димовски
Француската легенда и поранешен капитен на националниот тим, Патрис Евра ќе мора да отслужи затворска казна.
Според француските медиуми тој доби санкција поради запоставување на семејството, односно задолженијата кон поранешната сопруга поврзани со децата. Судот во Нантер поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Јувентус го одреди виновен поради одбивање на плања алиментација.
Според информациите, Евра имал долг од еден милион евра кон својата поранешна сопруга која го даде на суд. Се работи за период од мај 2021 година до септември 2023.
Поради тоа, судот предвидува казна затвор во времетраење од една година. Евра веднаш упати жалба, а тоа значи дека до изрекувањето на второстепената пресуда ќе биде на слобода.