Француска борба на „Велодром“ на титаните под притисок

Олимоик Марсеј и Лион со потполно идентичен притисок го дочекуваат дербито на „Велодром“. Домаќинот се обидува да ја спаси сезоната и да се дофати барем до Лига Европа, додека гостите го бркаат водечкиот Лил и секој евентуален кикс би можел да ги чини сериозно заостанување зад лидерот.

Домаќинот до некаде се консолидираше во последно време, не е поразен во последните три кола и во овој меч влегува со голем императив, иако ќе има исклучително тешка задача. Лион, по поразот на свој терен од Монпелје, веќе нема право на слични пропусти. Екипата на Руди Гарсија со славјето во Брест се врати на победнички колосек и има прилика да докаже дека има квалитет да го нападне најважниот трофеј во францускиот фудбал.

>>> Сите квоти на мечот Марсеј - Лион во MOZZART

Меѓусебните судири на двата тима секогаш се прилично напнати и непредвидливи, па често немаат допирни точки со моменталната ситуација на табелата и расположението на екипите. Првиот меч во Лион оваа сезона заврши со резултат 1-1, Марсеј во претходниот судир на „Велодром“ славеше со 2-1, додека пред тоа на истото место беше 0-3.

>>> Сите квоти во Лига 1 во MOZZART

Она што во овој момент ни делува најреално се головите на двете страни, а не би биле изненадени ако дојде до поделба на пленот. Домаќинот од почетокот на годината загуби три пати на „Велодром“ од вкупно пет меча (две победи), но со славјето над Ница пред десет дена конечно ја прекина таа негативна серија.