Франција во паника: Бензема заменет поради повреда на коленото (ВИДЕО)

Карим Бензема имаше феноменална сезона со Реал Мадрид, а откако ги надмина несогласувањата со селекторот Дешамп се врати во националниот тим, ама доживеа повред непосредно пред Европското првенство (ЕП).

На пријателскиот натпревар против Бугарија, Бензема побара да биде заменет во 40. минута откако седна на земјата и се пожали на болки во коленото. Дешамп не ризикуваше, веднаш го повлече од игра, а деталните лекарски прегледи ќе покажат за што станува збор.

  • Моментот кога Бензема побара замена:

Франција важи за прв фаворит за титулата на Европското првенство (ЕП) кое стартува овој викенд.