Франција во борба со хулиганите: Владата „гасне“ три навивачки групи

Во Франција се води сериозна битка против хулиганизмот на навивачите, особено фудбалските. Министерот за внатрешни работи Бруно Ратил подготвува акција за гаснење на трите најголеми навивачки групи - ултраси. 

Станува збор за навивачите на Нант под иметто „Бригаде Лоир“, и две фракции на навивачките групи на Сент-Етјен - „Меџик Фанс“ и „Грин Енџлс“. Закани за растурање на овие групи се упатени директно од министерот.

Полицијата веќе започна процедури за да ги растури групите, прво почнувајќи од две помали групи. Први на удар дојдоа „Офендерс“ на Стразбур“ и „Легија Икс“ на Париз

Ова предизвика обединување на навивачките групи од земјата, каде што дури 128 на број го потпишаа соопштението на Националното здружение навивачи. Тие ги обвинуваат владеачките структури за репресија без преговори. 

Министерството за надворешни работи се реши на ваков чекор поради бројните немири и сериозни тепачки меѓу групите.