ВИДЕО: Франција со триумф оди на Аргентина, САД ќе игра со Мароко

Фудбалските репрезентации на Франција и Соединетите Американски Држави со победи ја завршија групната фаза на турнирот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) и веќе ги знаат противниците во нокаут-фазата.

Французите, кои се предводени од селекторот Тјери Анри, успеаја да слават над Нов Зеланд (3-0) и така со три победи на три натпревари одат понатаму. Првиот погодок на мечот го даде капитенот Жан Филип Матета од Кристал Палас, кој реализира во 19. минута од натпреварот на „Велoдром“ во Марсеј, а потоа во листата на стрелците се запиша и Дезајр Дуе и Арно Калимуендо од Рен.

  • Нов Зеланд - Франција 0-3:

Соединетите Американски Држави, пак, очекувано со 3-0 (2-0) славеше над тимот на Гвинеја. Американците кои целат на подобро издание од она на Копа Америка на која беа домаќини поведоа преку Ѓорѓе Михајловиќ во 14. минута, а точка на триумфот стави Кевин Паредес со два гола во 31. и 75. минута. Овој дуел се одигра во Сент-Етјен.

  • САД - Гвинеја 3-0:

Во четвртфиналето на олимпискиот турнир, Франција ќе игра против Аргентина, додека Соединетите Американски Држави оди на мегдан со Мароко. Четвртфиналисти се уште Египет и Шпанија, но ќе ги добијат ривалите по крајот на групата Д.