Франција не може да даде гол од игра? Мбапе асистира, Коло Муани ја „стресе“ Шпанија (ВИДЕО)

Фудбалската селекција на Франција уште во раната фаза од полуфиналето со Шпанија поведе со 1-0. Французите беа критикувани дека на ова Европско првенство играат премногу дефанзивно и не знаат да постигнат гол од игра, па момците на Дешамп експресно им возвратија на критичарите и во деветтата минута ја стресоа „фуријата“.

Капитенот Килијан Мбапе центрираше од лева страна, а Коло Муани со прецизен удар со глава го совлада Унаи Симон за француско славје во Минхен.

  • Голот на Коло Муани против Шпанија:

t>

До овој натпревар „триколорите“ постигнаа само три гола, од кои еден беше од пенал, а останатите два беа автоголови.