ВИДЕО: Франција моќна во Молдавија, Чалханоглу ја „скина“ мрежата на Албанија

Фудбалската репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога и на гостувањето кај Молдавија успеа да слави со убедливи 1-4 (0-3), за добар старт на квалификацискиот циклус на Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Натпреварот без грешка го водеше македонскиот судија Александар Ставрев.

  • Извештај од натпреварот:

Дешамп на терен излезе со доста офанзивен тим, а тоа донесе брзи три гола со кои се реши прашањето околу победникот на натпреварот. Дуелот во Кињишев го отвори Антоан Гризман во 24. минута, со прекрасен гол по уште подобра асистенција на Пол Погба.

Само три минути подоцна, во мрежата на Молдавците погоди и Рафаел Варан, а во 36. минута печат на одличното издание во првото полувреме стави Оливие Жиру, по асистенција на Матуиди. На последниот гол на мечот за Франција автор беше Килијан Мбапе во 87. минута, а потоа, Молдавија даде само почесен гол преку Амброс.

Во рамки на групата Х, три бода освои и Турција, која на гости кај Албанија во Скадар победи со 0-2 (0-1). Во 21. минута за предност на гостинот погоди Бурак Јилмаз, додека во 55. минута Хакан Чалханоглу постигна втор гол во мрежата на Бериша. Фудбалерот на Милан биеше од далечина и ја „скина“ мрежата на противникот.

  • Извештај од натпреварот: 

На Исланд му беа доволни два гола за да победи кај аутсајдерот Андора (0-1). Првиот погодок во Ла Вела беше дело на Биркир Бјарнарсон, во 22. минута од натпреварот, додека во 80. минута Кјартансон ги постави конечните 0-2.

  • Извештај од натпреварот: 

Европско првенство, Квалификации, Група H
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 1 9 7 1 1 23:6 17 22
2 ТурцијаТурција 1 9 6 2 1 16:3 13 20
3 ИсландИсланд 9 5 1 3 12:10 2 16
4 АлбанијаАлбанија 9 4 1 4 16:12 4 13
5 АндораАндора 9 1 1 7 3:18 -15 4
6 МолдавијаМолдавија 9 1 0 8 3:24 -21 3