ВИДЕО: Франција и Јапонија со минималци се „чекираа“ за четвртфиналето

По одличните изданија во првите натпревари, носителите во групите Ц и Д на олимпискиот фудбалски турнир, Франција и Јапонија запишаа победи и во второто коло и со тоа се пласираа во четвртфиналето.

Франција на Тјери Анри се намачи да извојува победа против Гвинеја со 1-0. Единствениот погодок го постигна дефанзивецот на Фрајбург, Сидилија во 76. минута. Претходно во финишот на првиот гол поништени беа два погодоци на Французите, на Кеита и Туре заради офсајд.

  • Франција - Гвинеја 1-0:

Јапонија го надигра Мали со 1-0 и со втора победа без примен гол (во првото коло го надигра Парагвај со 5-0) се чекира во четвртфиналето. Јамамото во 82. минута го постигна голот вреден три бода за „самураите“.

Мали пропушти шанса за реми, откако Думбиа во судиското надополнување не реализира пенал.