ВИДЕО: Фрајбург во трилер со пет гола го среди Волфсбург

Фрајбург во ефикасен меч го совлада Волфсбург со 3-2 (1-0) во рамките на 14. коло на Бундеслигата. 

  • Извештај од натпреварот:

Пет пати се тресеа мрежите на стадионот „Европа Парк“ во Фрајбург, а само еден гол падна во првото полувреме. Во финишот на полувремето Лукас Кублер го отвори резултатот и донесе водство за домашните (1-0). На стартот на вториот дел истиот фудбалер ја удвои предноста, а веќе во 61. минута Фрајбург стекна предност од 3-0 со голот на Грегорич. 

Успеа Волфсбург да се консолидира, Јонас Винд и Матиас Сванберг погодуваа за гостите да се вратат во игра (3-2). Во петтата дополнителна минута падна уште еден гол во гостинската мрежа преку Холер, ама беше поништен поради игра со рака. 

Фрајбург стигна до 24 бода и скокна на петтото место, а Волфсбург е едно место подолу со 21 бод.

Состави

Јулиан Шустер

4-4-2

    Ралф Хасенхутл

    4-4-2