ВИДЕО: Фрајбург со „петка“ за ТСЦ, Мирчевски остана на клупата

Српскиот фудбалски вицепрвак ТСЦ Бачка Топола доживеа убедив пораз во натпреварот против Фрајбург (5-0) кој се одигра во рамки на четвртата рунда од фудбалската Лига на Европа.

  • Фрајбург - ТСЦ Бачка Топола 5-0: 

Дебитантот во еврокуповите имаше лоша вечер во Германија затоа што прими пет парчиња. Пет различни стрелци имаше Фрајбург на овој натпревар, тоа беа Рол во првото, како и Егештајн, Вејсхаупт, Адаму и Доан во второто полувреме. Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.

Аталанта долго се мачеше, ама го скрши отпорот на Штурм Грац (1-0). Трите бода во Бергамо ги задржа Џимсити со гол во второто полувреме. Бетис ја оправда фаворитската улога и го декласира Арис (4-1), победа забележа и Спортинг над полски Раков (2-1).

  • Спортинг - Раков 2-1:

  • Вест Хем - Олимпијакос 1-0:

Глазгов Ренџерс исто така беше сигурен на домашен терен со Спарта Прага (2-1), три бода освои и Вест Хем со минималец против Олимпијакос (1-0).

  • АЕК Атина - Марсеј 0-2:

Марсеј победи кај АЕК во Атина (0-2), исто беше и со Молде против Хакен (1-3).

Состави

Christian Streich

3-4-3

    Zarko Lazetic

    4-4-2