• Саше Љолес
Екипата на Фрајбург без поголеми проблеми го надигра тимот на Холштајн Кил со убедливи 3-2 (2-0) во натпреварот од 16. коло на германската Бундеслига.
Домаќините го најавија триумфот уште во првото полувреме со погодокот на Гунтер и автоголот на Ремберг, а вториот дел претставуваше чиста рутина и само го дотолчија противникот преку Винченцо Грифо во 74. минута. Гостите пред крајот на мечот внесоа мала драма со двата гола на Германецот Фил Харес, но немаа сили за изненадување и целосен „кам-бек“.
За Фрајбург ова е осма победа со која се искачува на шестата позиција, додека Холштајн Кил останува на претпоследното место на табелата со само осум освоени бодови.
- Сент Паули - Ајнтрахт Франкфурт 0-1:
Мајнц 05 продолжува со добрите партии и славеше со 2-0 над Бохум, Хајденхајм стави крај на црната низа и победи со 2-0 против Унион Берлин, Ајнтрахт Франкфурт минимално го надигра Сент Паули со 0-1, а Волфсбург со истиот резултат славеше на гостувањето кај Хофенхајм.