Фотките кои сите ги чекаа: „Ѓаволот“ се врати во Манчестер

Манчестер Јунајтед и официјално го потврди договорот со Кристијано Роналдо. Португалецот пристигна од Јувентус и потпиша двегодишен договор со „ѓаволите“, а постои и опција за продолжување на уште една сезона.

Иако трансферот веќе беше официјализиран, сега се средени сите потребни документи и фудбалерот е регистриран за настапи во клубот. Се објавија и првите фотографии, на кои Роналдо позира со црвениот дрес во кој имаше големи успеси. Фотките кои сите со нетрпение ги чекаа...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.

Роналдо по 12 години повторно ќе заигра за Манчестер Јунајтед, откако настапуваше за Реал Мадрид и Јувентус. Фановите се одушевени, а очигледно и Португалецот едвај чека пак да се појави во Манчестер.