Фостер сè уште има трауми од Видиќ: На тренинзите се молев да не играм со него

Гладта за победа на Немања Видиќ беше неверојатна. Поранешниот српски репрезентативец е познат по својата борбеност и храброст на фудбалскиот терен, но не само на натпреварите, туку и на тренинзите. 

Некогашниот голман на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер, сè уште има трауми од интерните натпревари на „ѓаволите“ во својот тренинг-центар и како што вели тој се молел да не биде во ист тим со Видиќ.

„Кога зборуваме за Видиќ како човек надвор од теренот беше мирен и тивок, но кога ќе го облечеше дресот, сè беше поразлично. Дури и на тренинзите беше страшен и нервозен. Кога требаше да играме меѓу нас, се молев да не бидам во тимот на Видиќ. Никогаш не се штедеше, а секоја наша грешка, дури и на тренинзите, ни ја вадеше низ нос“, вели англискиот голман. 

37-годишниот Фостер моментално е член на Вотфорд, а за Манчестер Јунајтед настапуваше од 2005 до 2010 година, во периодот кога капитен беше токму Немања Видиќ.