Фостер: Направив аматерска грешка, но Обамејанг е брз како „стрела“!

Екипата на Арсенал ја продолжува битката за местата кои идната сезоната водат во Лигата на шампионите, откако синоќа на тешкото гостување кај Вотфорд славеше со минимални 0-1. 

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Дини го патосира Тореира, Арсенал среќно го совлада Вотфорд

Главен „виновник“ за новите три бода на „топџиите“ е поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер, кој уште на самиот старт од мечот направи кардинална грешка и дозволи Обамејанг да го постигне победничкиот погодок. 

„Направив аматерска грешка, затоа сакам да им се извинам на соиграчите и фановите. Да бидам искрен – играта со нога не е мојата најсилна страна, но Обамејанг ме изненади со својата брзина како „стрела“ и постигна гол“, објаснува голманот на Вотфорд. 

Со оваа победа Арсенал се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиер лигата со 66 бода, исто колку и Челзи, а два повеќе од Манчестер Јунајтед.