Формирана „идеалната Југославија“: Во неа има место за Елмас!

Иако Југославија одамна не постои како држава, нејзиното спортско наследство и понатаму предизвикува интерес и дебати ширум светот посебно пред големите натпреварувања.

Таков е и случајот пред Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико. Фудбалерите од поранешната заедничка земја некогаш важеа за едни од најквалитетните во Европа, а нивниот талент беше препознаен во најголемите клубови на Стариот континент.

Токму затоа, сè почесто се поставува прашањето како би изгледала денес репрезентацијата на Југославија доколку таа и понатаму постоеше. Интересно е што вакви анализи не се прават само на Балканот, туку и во други делови од светот, вклучително и во Мексико, каде поединци составија хипотетички тим од најдобрите фудбалери од поранешните југословенски простори.

Според составот кој го формираа идеалните единаесет би изгледале вака: Јан Облак на голот, одбраната составена од Јосип Станишиќ, Јошко Гвардиол, Амир Рахмани и Страхиња Павловиќ. Во средниот ред се Едон Жерговa, Матео Ковачиќ, Лука Модриќ и Ељиф Елмас, додека нападот го предводат Душан Влаховиќ и Бенјамин Шешко.