• Горан Упале
Лиам Делап нема по добро да го памети гостувањето на Нотингем Форест кај Кристал Палас. Англискиот напаѓач промаши неверојатна шанса од непосредна близина, а неговиот тим на крајот загуби со 3-1.
Форест поведе преку Дан Ндоје во третата минута, а во 30. минута Делап имаше идеална можност да ја удвои предноста. По ударот на Морган Гибс-Вајт, кој заврши во пречката, топката се одби пред напаѓачот, кој од само неколку метри шутираше директно во голманот Валтер Бенитез.
Промашувањето беше уште поболно бидејќи Палас само неколку минути подоцна израмни преку Даичи Камада, а потоа Џеферсон Лерма и Жереми Пино донесоа пресврт и победа за домаќините.
Она што дополнително ја прави ситуацијата интересна е сумата што Форест ја плати за Делап. Англискиот клуб го доведе од Челзи за 45 милиони фунти, плус пет милиони фунти преку бонуси. Така, трансферот може да достигне вкупно 50 милиони фунти, а напаѓачот потпиша петгодишен договор.


