Форензичарите ги обелоденија причините за смртта на Сала

Пред една седмица и официјално беше соопштено дека Емилијано Сала е починат, откако неговото тело беше пронајдено во потонатиот авион во Англискиот канал. 

Фудбалскиот свет сè уште тагува за загубениот живот на аргентинскиот фудбалер, а денес форензичарите ја открија и причината за неговата смрт. Сала почина поради тешки повреди на главата и градите. Патолошкиот наод покажа дека најтешки биле повредите на главата и на трупот. 

Англиските власти информираат дека истрагата нема да заврши, и дека наскоро ќе ги обелоденат и причините за падот на авионот. Пилотот Дејвид Иботсон сè уште не е пронајден. 

Сала требаше да испише историја во велшкиот фудбал, откако стана најскапиот фудбалер на Кардиф Сити, но неговиот пат од Нант до Кардиф, за жал беше негов последен.