ФОТО: „Форца Синиша“ - Пандев и Ристовски со поддршка за Михајловиќ! 

Стефан Ристовски и Горан Пандев го искажаа својот респект кон Синиша Михајловиќ и му изразија поддршка на поранешниот селектор на фудбалската селекција на Србија

Поранешниот европски шампион со Црвена Звезда, денес ја шокираше фудбалската јавност и обелодени дека боледува од леукемија. Поради сериозната болест приморан e да ја прекине својата тренерска кариера во редовите на Болоња

Македонските репрезентативци се само дел од мноштвото фудбалски работници кои јавно ја искажаа својата загриженост за состојбата на српската фудбалска легенда.