„Фор Фор Ту“ ги избра СТОТЕ најдобри тренери во историјата, Пеп котира највисоко од активните!

Британски „Фор Фор Ту“ објави листа на стоте најголеми тренери во историјата на фудбалот. Како што е случај со многу такви листи, легендарниот Сер Алекс Фергусон се најде на првото место. 

Шкотланѓанецот ги помина најдобрите години од својата кариера, 27 од нив, во Манчестер Јунајтед, со кого освои 13 шампионски титули и две Лиги на шампиони. Претходно беше шампион на Шкотска со Сент Мирен и Абердин (три пати), со кого го освои и Купот на победниците на куповите.

Вториот и третиот на листата се холандските генијалци Ринус Мишелс и Јохан Кројф, тренери кои се сметаат за најзаслужни за промовирање на идејата за тотален фудбал. Легендарниот играч на Ливерпул, Бил Шенкли, е четврти, а Пеп Гвардиола е највисоко рангиран од активните тренери. 

Потоа следува Ариго Саки, како и уште една легенда на Манчестер Јунајтед – Сер Бат Базби. Жозе Мурињо е на дванаесеттото место, додека Карло Анчелоти пет места подолу. На листата има и еден тренер од поранешните ју-простори, тоа е Хрватот Томислав Ивиќ кој е сместен на шеесеттото место.