ВИДЕО: „Football is coming home“ - англиските фанови „лудуваат“ низ Москва

Фудбалската селекција на Англија вечерва го игра најважниот натпревар во својата понова фудбалска историја. Светскиот шампион од 1966 година, цели 52 години чека на едно мундијалско финале, а таква шанса ќе имаат вечерва момците на Герет Саутгејт, кои го играат дуелот со селекцијата на Хрватска. 

Дека Англија живее за фудбалот, доказ е и денешната инвазија на Москва од англиски фанови. Улиците на главниот руски град се преполни со англиски навивачи, кои со популарната песна од пред 22 години „Football is coming home“ се упатуваат кон „Лужники“, стадион на кој ќе се одигра историскиот меч со „коцкестите“ (20.00).