Фонсека се согласи да седне на клупата на Тотенхем

Fonseka

Пауло Фонсека ќе биде новиот менаџер на Тотенхем. Официјализација на соработката се очекува во наредните неколку дена.

Откако пропаднаа преговорите со Антонио Конте, „петлите“ се насочија кон својот втор кандидат.  48-годишникот ќе пристигне во Лондон за да ги договори завршните детали и ќе потпише договор со премиерлигашот.

Во изминатите две години Португалецот заврши одлична работа во Рома. Тоа му донесе интерес од еден од најдобрите англиски клубови на денешницата.

Претходно Тотенхем потпиша со нов спортски директор во Фабио Паратичи. Тоа е почеток на најавениот ремонт во екипата од северен Лондон.