• Горан Упале
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека по натпреварот со Лацио истакна дека нема конфликт со Рафаел Леа и Тео Хернандез.
Португалскиот тренер ги изненади сите со својата поставеност на теренот, и не ги вклучи двајцата најдобри поединци во тимот, што изненади многу навивачи на Милан.
„Нема никаков проблем. Немам проблеми со Тео Хернандез и Леао. Не смее да има проблем, бидејќи веќе разговарав со играчите во текот на неделата и им ја објаснив одлуката, која тие ја прифатија. Тие добро реагираа кога влегоа во игра“, изјави Фонсека.
Во дерби колото од Серија А, „росонерите“ одиграа без победник, а голот за бод на Милан го постигна токму Леао.