Фонсека: Не сум лут, но тажен сум – не сум задоволен од играта

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, беше лут по победата на неговиот тим над Црвена Звезда од 2-1 во шестото коло од сезоната во Лигата на шампионите. 

Миланскиот гигант до големата победа стигна со гол во 87. минута, но тој резултат не беше доволен за Фонсека да биде задоволен.

„Јас сум човек кој не е задоволен само со резултатот. Секако најважно е што победивме и што сме во добра позиција, но има работи кои тешко се менуваат. Понекогаш уморен сум да се борам со тие работи Не сум задоволен од перформансите на тимот.

Не сум лут, но тажен сум. Она што би сакал да го видам во тимот, не го видов“, беше јасен тренерот на италијанскиот гигант.

По шест одиграни кола Милан со 12 бода е на 12 место на табелата во Лигата на шампионите и има реални шанси дури и за директен пласман во осминафиналето. 

Состави

Серџо Консеисао

4-2-3-1

    Владан Милојевиќ

    4-2-3-1