• Горан Упале
Фудбалерите на Аталанта извојуваа голема победа над Милан на домашен терен 2-1 (1-1) во 15. коло од Серија А. Иако се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, голот на Адемола Лукман во 87. минута донесе триумф на тимот од Бергамо.
По натпреварот своите впечатоци ги искажа стратегот на тимот на Милан, Пауло Фонсека, кој беше видно незадоволен од повеќето судиски одлуки. Португалецот истакнува дека лошото судење по неговиот тим е феномен кој се повторува оваа сезона.
„Тешко е, болно е кога губиш вака. Молчев, никогаш не зборував за судиите, но сега морам. Сите зборуваат и се во право. Првиот гол е секако фаул. Нема сомнеж за тоа. Начинот на кој судијата ја водеше играта исто така е подложен на сонежи..
Знам дека судиите имаат тешка работа. Не се плашам да ја кажам вистината. Секогаш сум ја почитувал работата на судиите, но имаше толку многу грешки. Не само денес, туку секоја недела. Судиите немаат почит кон нас“, рече Фонсека.
Инаку, по некомплетно 14. коло во Серија А е на седмото место, со тенденција да падне едно место, во случај Болоња да приреди изненадување против Јувентус.