• Горан Упале
Искусниот француски напаѓач Александар Лаказат уште еднаш е херој на Лион. Некогашниот француски шампион забележа нова тешка победа во Лига 1, откако по пресврт пред својата публика славеше над Брест со 2-1, а стрелец на двата гола за домаќините беше некогашната ѕвезда на Арсенал.
Брест, кој пред неколку дена ги заврши настапите во Лигата на шампионите, по двата катастрофални порази од ПСЖ, денес уште еднаш ги разочара своите фанови. Гостите по само петнаесет минути игра поведоа со 0-1, а за тоа се потруди Лала, кој беше сигурен реализатор од ударот од единаесет метри.
Сепак, искусниот Лаказет брзо го врати својот тим во игра. Во 24. минута капитенот го постигна првиот од двата денешни гола, додека пресвртот го комплетира во 82. минута на асистенција на Черки.
Во самата завршница главниот судија имаше многу работа и поради претерани реакции црвен картон доби новиот тренер на Лион, Пауло Фонсека.