Фонсека го напушти Лион и се враќа во Португалија, францускиот гигант ќе добие 5 милиони евра

Пауло Фонсека повеќе не е тренер на Лион. Францускиот клуб официјално ја потврди разделбата со португалскиот стратег, кој кариерата ќе ја продолжи во татковината, како нов тренер на Спортинг Лисабон.

За неговиот ангажман, Спортинг ќе плати обесштетување од пет милиони евра. Фонсека на клупата на Лион пристигна во јануари 2025 година, а иако имаше договор до летото 2027, одлучи да го напушти клубот по повикот од португалскиот гигант.

Во Лион не го криеја разочарувањето од неговата одлука, особено поради тоа што разделбата се случува среде сезона. До изборот на нов тренер, тимот ќе го предводи Жорж Масиел.

Фонсека во својата кариера ги водеше Порто, Брага, Шахтјор, Рома, Милан, Лил и Лион, а со украинскиот гигант освои три двојни круни. Сега го очекува нов предизвик и враќање во португалскиот фудбал по десет години.