Фонсека: Чувствата ми се измешани, прерано почнавме да славиме

Како што за играчите на Манчестер Јунајтед, триумфот над Лион може да претставува пресвртница во развојот на победничкиот дух, така и за фудбалерите на францускиот тим по натпреварот на „Олд Трафорд“ работите можат да тргнат во погрешна насока.

За ова е свесен и тренерот Пауло Фонсека, кој призна дека неговите емоции се измешани по загубениот натпревар во Манчестер.

„Не знам што би можел да кажам интелигентно во овој момент, бидејќи моите чувства се целосно измешани. Одигравме навистина добар натпревар, успеавме да постигнеме четири гола против Манчестер Јунајтед на гостински терен, од кои два со играч помалку и навистина мислам дека момците беа на високо ниво. Но...“, паузираше стратегот на Лион.

А тоа „НО“, според Фонсека, се однесува на самиот крај на мечот, кога неговите играчи прерано почнале да слават наместо да ја завршат работата на теренот.

„Проблемот беше што почнавме да славиме премногу рано на 2-4. Повеќе не бевме фокусирани на играта. Мислевме дека нема доволно време за нашиот ривал да нè стигне, а Јунајтед знаеше како да го искористи тоа. Дури и по третиот гол на домаќинот имавме можност да влеземе во вистинскиот блок и да го завршиме натпреварот со концентрација. За наша жал, тоа не се случи“, заврши Фонсека.

Лион имаше поддршка од околу 3.000 навивачи на „Олд Трафорд“, а Фонсека им се заблагодари на сите што дојдоа во Англија.

Најнови вести од
УЕФА Лига Европа