ВИДЕО: Фоден со две асистенции го отпиша Сенегал, Англија закажа дуел со Франција

Англија закажа четвртфинален дуел против Франција на Светското првенство во Катар. „Гордиот Албион“ рутински го совлада Сенегал (3-0) и се најде меѓу најдобрите осум на овогодишниот светски собир.

  • Извештај од натпреварот: 

Фаворитот започна со притисок од самиот почеток. Иницијативата беше на страна на тимот предводен од Герет Саутгејт, кој не успеа да го пробие сенегалскиот бедем. Креативците на англискиот тим немаа решение за густата поставеност на противничката одбрана. Афричкиот претставник ја чекаше шансата од контра напади. По еден таков, Исмаила Сар се најде во одлична позиција да го шокира ривалот. Меѓутоа, неговиот удар не ја пронајде целта и ги разоара фановите на Сенегал.

Казната стигна на спротивната страна. Најпрво Џордан Хендерсон рутински ја погоди противничката мрежа и донесе предност за Англичаните. Пред паузата во листата на стрелци се запиша Хари Кејн. Првиот напаѓач на англискиот тим одлично се снајде за да обезбеди сигурно водство на паузата за Англија.

Многу работи беа појасни пред еден час игра. Букајо Сака погоди за 3-0, по втората асистенција на Фил Фоден на оваа средба. Со овој гол англиската репрезентација го обезбеди четвртфиналето. Сенегалците не беа во можност да се вратат од овој удар, па до крајот играа само за чест и избегнување дебакл.

Англија не ризикуваше во финишот од мечот. На одмор заминаа неколку првотимци, во пресрет на четвртфиналниот судир со Франција, кој е закажан на 10 декември.

Состави

Герет Саутгејт

4-1-4-1

    Алиу Сисе

    4-4-1-1