ВИДЕО: Фоден го израдува Сити и го доближи до Ливерпул и Јунајтед

Манчестер Сити славеше на домашен терен над Брајтон (1-0) во рамки на 18. рунда од англиската Премиер лига и ја продолжи победничката серија во најквалитетното фудбалско натпреварување на Островот.

  • Извештај од натпреварот:

„Граѓаните“ го надиграа Брајтон, но мора да се задоволат со минималниот триумф. Ова беше четврта победа по ред за тимот на Пеп Гвардиола, кој сега е на третото место со 32 бода, еден помалку од второпласираниот Ливерпул и четири помалку од лидерот Јунајтед, ама има и меч помалку на своето конто.

Победата за тимот на „Итихад“ ја донесе Фил Фоден. 20-годишниот Англичанец доби топка во 44. минута од Кевин де Брујне и успеа да ја стресе мрежата на противникот. Пред самиот крај на мечот Сити имаше шанса да ја удвои победата, арно ама Рахем Стерлинг во 92. минута не реализира од белата точка.

Манчестер Сити во следната рунда ќе биде домаќин на Кристал Палас, додека Брајтон, кој се бори за опстанок, ќе гостува кај Алиоски и Лидс Јунајтед.