ВИДЕО: Флуминенсе не простува недисциплина – легендата Марсело го напушти клубот!

Бразилскиот фудбалер Марсело спогодбено ја прекина соработката со неговиот матичен клуб Флуминенсе. Легендарниот лев бек и официјално е слободен играч, па сега ќе тргне во потрага по нова средина.

Потенцијална причина за ваквата одлука би можела да биде ситуацијата од последниот натпревар на бразилскиот тим, во кој 36-годишниот играч беше повикан да влезе на теренот на две минути пред крајот, но по расправијата со тренерот Мано Менезес беше вратен на клупата, каде што седеше до последниот судиски свиреж.

Бразилецот му се приклучи на Флуминенсе во февруари минатата година, што го симболизираше неговото враќање во тимот каде ги направи првите чекори. Ја помина младинската школа, а потоа играше во првиот тим од 2005 до 2007 година. Вкупно одигра 101 натпревар и постигна 11 гола.

Помеѓу два мандати во Бразил, тој помина деценија и половина во Реал Мадрид, а потоа една сезона во Олимпијакос, па ја напушти Грција по само пет месеци.