Флорентино Перез e убедлив победник на изборите во Реал!

Флорентино Перез останува на чело на Реал Мадрид, откако според првичните резултати убедливо победи на претседателските избори во клубот.

Излезните анкети покажуваат дека Перез освоил 65% од гласовите, додека неговиот противкандидат добил 35% поддршка. Се очекува во наредните денови резултатите и официјално да бидат потврдени. Шпанските медиуми веќе шпекулираат дека новиот мандат на долгогодишниот прв човек на „кралскиот клуб“ ќе биде проследен со неколку звучни потези на трансфер пазарот.

Веќе беше потврдено од страна на Бенфика дека тренерот Жозе Мурињо се сели во Реал Мадрид ако Перез победи. Освен него, се очекува клубот да ги заврши трансферите на Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате.

Сепак, засега нема официјална потврда од клубот за овие потези, па останува да се види дали најавите навистина ќе се реализираат во периодот што следува.