Флик: Судиите беа на исто ниво како и мојот тим – ужасни!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик не го криеше разочарувањето по поразот од Џирона (2-1) во Примера. Сепак, Германецот и покрај револтот поради судиските одлуки, призна дека неговиот тим не одиграл на потребното ниво.

Флик смета дека клучниот момент на натпреварот бил вториот гол на домаќините, кога според него бил направен очигледен прекршок врз Жил Кунде, кој останал несанкциониран и покрај ВАР проверката. Сепак, Флик потенцира дека тоа не смее да биде изговор за слабата игра на каталонскиот состав.

„Сите видоа што се случи при вториот гол. Но, нема да зборувам за судиите. Ние бевме многу лоши, особено во одбраната. Жирона ја заслужи победата. Зошто ВАР не интервенираше? Не знам, навистина не знам. За мене тоа беше чист прекршок. Работата е јасна, но тоа не смее да биде алиби за нашата игра. Им дадов два дена слободно. Ни треба пауза, мора да се ресетираме. Во последно време играме ужасно. Судиите беа на исто ниво како и мојот тим – ужасни. Главниот судија само ми рече дека не е фаул и тоа беше сè“, изјави Флик.

Барселона по овој пораз ја загуби лидерската позиција во Ла Лига и сега е втора на табелата, зад Реал Мадрид кој има два бода повеќе.