• Саше Љолес
Ханси Флик и неговата Барселона се подготуваат за полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите, каде ќе се сретнат со Интер од Милано.
Германскиот стратег зборуваше со медиумите во пресрет на првиот меч и рече дека играчите се максимално фокусирани на пласман во големото финале, иако знае дека мисијата ќе биде пеколно тешка.
„Се фокусираме само на првиот меч во Шпанија. Тоа е првиот чекор за нас. Интер е многу тежок противник и има неверојатно цврста одбрана. Ништо полоши не се играчите во средниот ред и во нападот.
Тие се искусен тим со големо искуство од големите натпреварувања, но и ние имаме свои адути и калкулации. Играчите сонуваат за пласман во финалето, но патот до таму нема да биде лесен. Подготвени сме за предизвикот, сакаме да ги израдуваме нашите навивачи“, рече Флик.
Интер ќе допатува во Барселона со негативна низа од три порази во серија. Натпреварот ќе се одигра на 30 април со почеток во 21:00 часот.