• Горан Упале
Екипата на Барселона претрпе тежок пораз во првиот полуфинален дуел со Атлетико Мадрид (4-0) во Купот на Кралот и е на работ на испаѓање. Сепак, нивниот германски тренер Ханси Флик не мисли така. Флик им се обрати на новинарите на прес-конференцијата по поразот:
„Не можеме да исклучиме враќање. Сè уште ништо не е завршено. Реваншот е на нашиот стадион и ни требаат нашите навивачи да го наполнат Камп Ноу.“
Германецот се осврна и на офсајдот кој беше проверуван седум минути:
„Ја гледаа таа ситуација седум минути? Ајде, пронајдоа нешто во тие седум минути. Кога првпат ја видов ситуацијата, бев убеден дека не е офсајд, но пронајдоа нешто различно. Тогаш треба да ни кажат тоа, но ова е лошо - немаше комуникација.“
Реваншот на „Камп Ноу“ е закажан за 3 март, со почеток во 21:00 часот.




